Пировска: Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња!

by fokus

Извршниот директор на Хелсиншки комитет – Македонија, Уранија Пировска, реагираше на својот профил на Фејсбук, по синоќешното изгласување на законот за амнестија.

Како што порача таа, правдата не живее во Македонија, а власта си ја презема улогата на делител на правдата.

„”Ќе си лежите!” Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда! Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните. Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ.
Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода. И така, борбата продолжува!“, напиша Пировска на својот профил.

Поврзани новости