Пирати нападнале грчки брод во Атлантикот, грабнале неколкумина

by Fokus

Во меѓународните води на Гвинејскиот залив пирати нападнале грчки товарен брод и земале шестмина заложници, изјави денеска портпаролот на данската армија.

Данската фрегата „Esbern Snare“, што патролира во Атлантикот, долж западниот брег на Африка, поради зголемените безбедносни ризици и пиратски напади, вчера испратила хеликоптер како помош во спасување на контејнерски брод нападнат од пирати со глисери кај островот Биоко, во територијалните води на Екваторијална Гвинеја, јавија британските медиуми.

Поврзани новости