Пимен за одлуката на Агатангел: Негова епархија, негова волја, немаме право да се мешаме дали ќе се наплаќа за фотографирање и покрај тоа што осудата паѓа на МПЦ

by Fokus

Во јавноста деновиве стана актуелно дека црквите од Повардарската епархија почнале да наплаќаат за фотографирање и снимање на венчавки и крштевки. Оваа нова давачка е наменета за фотографите: 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата.

Ваквата одлука, која беше донесена од страна на повардарскиот владика Агатангел наиде на бурни и негативни реакции во јавноста. „Фокус“ го контактираше европскиот владика Пимен за да ни каже што мисли за ваквата одлука на неговиот колега. Тој само кратко одговори:

– Негова епархија, негова волја. Немаме право да му се мешаме во одлуки и покрај целата непопуларност на одлуката и тоа што осудата паѓа на МПЦ – истакна владиката Пимен.

Поврзани новости