Богоески: Груевски лаже дека е прислушуван, тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња

by Fokus

Јас мислам дека Груевски лаже дека е прислушкуван, како што лажеше дека УБК не вршела следење на комуникациите, дека странски служби тоа го правеле и некои жолти комбиња се шетале, а некој лепел и монтирал, истакна синоќа во емисијата „Само вистина“, поранешнот прв разузнувач Слободан Богоески.

– Моја проценка е дека сака да побегне од сопствената одговорност, како човек кој е обвинет за тешки дела, сака да се покаже како политичка жртва и да го сврти вниманието од своите злодела. Му требаат вакви трикови во очи на изборите. Тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња и мисли дека луѓето му веруваат – изјави Богоески.

Поврзани новости