Пијан скопјанец направил сообраќајка, ги опцул полицајците и им побегнал

by fokus

37-годишен скопјанец во алкохолизирана состојба вчера вечер вербално ги нападнал полициските службеници кои сакале да го легитимираат, затоа што учествувал во сообраќајна незгода на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. И.В. почнал да им се заканува на полицајците и да им упатува упатува погрдни зборови и пцовки, информираат од МВР.

Потоа се вдал во бегство, но полициските службеници тргнале по него. Го фатиле и го приведел под, како што велат од МВР, видно дејство на алкохол.

„На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, додаваат од полицијата.

 

Поврзани новости