Пијан дојранчанец се наоружал да го тепа продавачот, но се степал со полицајци

by fokus

46-годишен жител на Нов Дојран заработи кривична пријава за напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста, откако се степал со полициски службеници на 15-ти минатиот месец.

Според полицијата по вербална расправија со продавачот на колонијална продавница, Ј.К. кој бил во алкохолизирана состојба и физички се пресметал со него. Во тепачката се здобил со повреди на главата. Си заминал дома, но за да се наоружа. Во возилото ставил железни шипки, секира и чекан, а го зел и 22-годишниот Б.К. со намера да го нападнат продавачот.

На пат кон продавницата пријавените ги затекнала полициска службеничка којашто им укажала да излезат од возилото, при што Ј.К. останал и понатаму во возилото. Во настанот се вклучил и уште еден полициски службеник кој не бил на работа, кого Ј.К. при отворањето на вратата од возилото го турнал, а потоа и физички го нападнал. Откако, полициските службеници успеале да го совладаат Ј.К., се приклучил Б.К., но полициските службеници успеале да ги совладаат, и да ги лишат од слобода пријавените. Против двајцата се поднесени кривични пријави.

Поврзани новости