Синот го претепал таткото бидејќи не му давал пари

by Fokus

Шеесет и шестгодишниот А.Б. од Тетово пријавил семејно насилство, односно бил претепан од неговиот син, информираа од МВР.

Според полицијата, синот во видно алкохолизирана состојба, околу 21 часот започнал вербална расправија со татко му, откако претходно му барал, но не добил пари. По ова Н.Б. почнал со тупаници да го удира А.Б. по главата и телото и му нанел видливи повреди.

Нешто подоцна, Н.Б. е лишен од слобода и по целосното расчистување на сите поединости против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости