Петстотини златни балони за децата болни од рак – годишно кај околу 40 деца се дијагностицираат малигни болести

by fokus 15:02
15:02

Петстотини волонтери пуштија петстотини златни балони денеска на плоштадот „Македонија“ во чест на децата кои се лекуваат од малигни болести.

Настанот беше организиран од невладината организација САНО и Универзитетската клиника за детски болести, а присуствуваа директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска Алулоска и министерот за здравство Венко Филипче.

- Advertising -

-За дијагноза и лекување на хемато-онколошкото одделение се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација. Леукемиите во детската возраст се лекуваат согласно протоколи кои се применуваат во сите Европски земји. Со овие терапии, се постигнува излекување кај повеќе од 95 отсто од децата со акутна лимфобластна леукемија, успех со кој се гордееме, изјави директорката на Клиниката за детски болести.

„Златен септември“ е глобална кампања за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти и проблемите со кои се соочуваат, со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди, истакнаа од Клиниката за детски болести.

Годишно во земјава се откриваат 35-40 нови случаи на деца со малигна болест. Најчеста малигна болест во детската возраст е акутната леукемија, која се открива кај 30-35 проценти од децата од сите малигдни заболувања. Најчеста меѓу нив е акутната лимфобластна леукемија, АЛЛ, која се открива кај 80 проценти од децата со леукемии.

Од почетокот на 2020 година до денес дијагностицирани се вкупно 22 пациенти со малигна болест, од кои 14 деца се со акутна леукемија.

 

Поврзани новости