Навални на нозе: Мојот пат кон закрепнување е јасен, но долг

by fokus

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека неговиот пат кон закрепнување е „јасен, но долг“.

Тој рече дека сè уште има тешкотии во качувањето по скали бидејќи нозете сè уште му се тресат.

Нему му се слоши минатиот месец во Сибир, по што во состојба на индуцирана кома беше префрлен во Германија на лекување.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок, а Москва негира.

Поврзани новости