Пецаков: Синоќа славевме, сега веќе ги засукуваме ракавите за работа!

by Fokus

Со околу 2.000 гласа разлика во првиот круг победивме против противкандидатот од СДСМ, Константин Георгиески, и драго ми е што од овде започнуваат промените, не само во Охрид, туку и во Македонија – за ,,Фокус” вели д-р Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој според ДИК, освои 14.380 гласа. Неговиот противкандидат актуелниот градоначалник Георгиески кој се бори за втор мандат, освоил 12.460 гласа, додека пак кандидатот Гоце Цветкоски од ТМРО освоил 1.376 гласа.

Пецаков вели дека синоќа славеле на плоштадот во Охрид, се собрало многу народ, но затоа пак сега планирал да ги засука ракавите и да се фати за работа.

-Многу работа не чека, немаме време за губење. Верувам дека во вториот круг на гласање ќе имаме дупла разлика. За многу мал процент не завршивме со првиот круг, но сето ова е доказ дека народот во Охрид, исто и во Македонија е желен за промени. Јас нема да ги изневерам граѓаните. Тие побараа промени, и тоа го кажаа на демократски начин. Сите ќе се обединиме и заедно ќе го направиме Охрид светло место за живеење – изјави Пецаков.

Вики Клинчарова

Поврзани новости