Петрушевски: Во време на СДСМ, професионалците во полицијата беа шиканирани

by vlatko 13:14
13:14

СДСМ ја партизираше полицијата и институциите. Додека СДСМ управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Новите закони, вели тој, се во насока на професионализација и еднакви можности.

-Тој кој е компетентен, кој има искуство, знаење и интегритет ќе напредува без разлика на партиската припадност. За разлика од тоа како до сега – рече Петрушевски.

Претходно, Ана Чупевска од СДСМ побара претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи, бидејќи го укинуваат професионализмот во полицијата и неа ја претвораат во партиски инструмент на принуда.

Слични вести