Петровски: Набрзо ќе има нов, легитимен Конгрес

by fokus 18:09
18:09

Филип Петровски попладнево им се обрати на делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека на сегашното реководство на партијата не му должат ништо, како и дека набрзо ќе има нов легитимен Конгрес со членови, делегати од месни и општински комитети наместо лични секретарки и шофери.

-Бев првиот кој прозва дека Христијан Мицковски е фаворизиран од Груевски, за потоа Груевски да се обрати со писмо, Секој еден од Вас ја знае вистината, Вие знаете кој Ви се јави и и какво прашање ви постави, Знам и јас, и затоа со гадење го следам Мицковски како безочно лаже дека не вршел притисок. Човекот е само параван и ништо друго. Од авион се гледаше дека Груевски го форсираше него,
, И, жалам што многу мои колеги останаа настрана и неутрални во овој историски момент на нашата партија. А, причината е стравот. А, до кога страв? И, уште нешто, на 27 април јас влегов во собрание, но не и Христијан, тој беше надвор и не смогна храброст да ги охрабри нашите пратеници кои сега гнијат во затворите.
Вие сте и свесни за моќта на нашите протести, секој ден по 50 луѓе доаѓаат на протестите. Има разочараност, а тие 50 луѓе се поширокиот тим на Груевски и Мицковски. Толку ќе има и од понеделник после конгресот… жално, пишува Петровски.

 

Поврзани новости