Додека една третина од граѓаните тоне во сиромаштија, додека луѓе со посоодветно образование со години чекаат вработување, блиските на функционерите од ВМРО ДПМНЕ се безобразно привилигирани, реагираше денеска координаторката на советничката група на СДСМ Битола, Наташа Петровска.
-Имено, синот на битолскиот пратеник Зоран Илиоски неодамна е вработен како приправник во СВР-Битола и тоа без распишување на јавен оглас. Со Законот за внатрешни работи кој налага дека вработување без јавен оглас е можно само за овластени службени лица и стипендисти на Министерството, токму синот на Илиоски ја имал привилегијата за работа, рече Петровска.
Таа додаде дека актуелниот пратеник за време на неговото директорување во ЈП „Водовод”, си го вработил и својот брат, а неговата сопруга работи како раководител во Агенцијата за електронски комуникации –АЕК.