Заев: Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе

by fokus 17:23
17:23

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струга изјави дека веќе се оформени критериумите со кои ќе се бираат членовите на ад хок телото за мониторин на медиумите.

-Имаме преку дваесетина кадидати пријавени на конкурсот. Сакаме да го направиме тоа на најтранспарентен начин, на начин на којшто ќе покажеме поразличност од власта. Нашата цел не е партиите да поставуваат луѓе. Испративме апел до експерти и професионалци да се кадидираат на овој конкурс. Овие денови се веќе изградени критериумите согласно искуството, согласно професионалното ангажирање на овие луѓе коишто конкурирале на конкурсот за да можат да ја извршат мониторинг функцијата коешто Ад-хок телото ќе ја има, рече Заев.

Тој додаде дека веруваа во независноста на тоа тело коешто ќе има сериозен придонес кон подобрување на медиумската состојба во тие 100 дена, но и да испрати поинаква порака дека може поинаку со медиумите во Р. Македонија.

Поврзани новости