457
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостувањето во Телма говореше за лажните дојави за бомби во училиштата во Скопје. Таа истакна дека сајбер нападите се дел од стратегијата на непријателот.
„Неумесна акција или измислена работа која има за цел да направи паника и недоверба кај населението. Од оваа перспектива гледано на она што се случува во Украина и европско тло, гледаме дека не е за чудење. Директно не сме ангажирани, но од безбедносен аспект, ваквите појави ги цениме и заедно со МВР, ДБК и АНБ споделуваме информации кои ни се на располагање, со цел да ја помогнеме истрагата која се води“, посочи Петровска.