Воз прегази 30 овци кај Миравци

by Fokus

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.

– Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека  во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје,  удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема, појасни Ангеловски за МИА.

Поврзани новости