Петровска: Претстојaт и многу реформи кои треба да ги спроведеме за македонската полицијата застане рамо до рамо со европските полиции

by fokus

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска упати честитка до припадниците на македонската полицијата и им се заблагодари за нивната посветеност и професионалност и за се она што го направиле за земјава.

-На сите сегашни и поранешни припадници на МВР ви го честитам Денот на македонската полиција. Секој од вас остави дел од она што го живееме денес. Секој од вас се посвети на создавањето на нашата држава. И токму затоа ви упатувам искрени честитки и бескрајна  благодарност, за вашата посветеност, за вашата  професионалност,  но и истрајност. Заедно поминавме многу  премрежја, пербродивме многу предизвици,  но пред нас претстојaт и многу реформи кои  треба да ги спроведеме за да македонската полицијата застане рамо до рамо со европските полиции во светот. Им оддавам почит на оние кои ги положија своите животи за денес да живееме во слободна држава, вели Петровска во видео честитката.

Македонија, вели, е членка на НАТО и наскоро ќе започне преговори со ЕУ. Тоа, според неа, е доволен доказ дека сме на вистинскиот пат  да направиме реформи кои ќе бидат  за доброто на сите нас, за доброто на државата, но и за граѓаните, кои, како што вели, секогаш ќе бидат во фокусот на нашето дејствување

Поврзани новости