Петровска: Полицијата има телефонска комуникација со верските лидери

by Фокус

Дополнителната заменичка министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во вечерашното гостување во „360 Степени“ на Алсат рече дека полицијата има телефонски консултации со верските лидери, но истакна дека не знае за полициски дејства во самите објекти.

-Јас немам информации дека влегуваат, но дека остваруваат телефонски контакти тоа да. И тука нема апсолутна злоупотреба од страна на полицијата ниту од страна на полициските службеници. Не користиме сила, но ги користиме законските овластувања превентивно да дејствуваме во спроведувањето на мерките на Владата – рече Петровска.

Поврзани новости