522
ЕВН и ЕЛЕМ, пример за општествено одговорни компании кои за помалку од 24 часа одговорија на нашето барање да ги осветлат безбедносните пунктови Бошков мост и Глобочица, вели Славјанка Петровска, заменик министер во МВР, која јавно им се заблагодари на компаниите.
-Припадниците на МВР секогаш се први на местото на сите кризни состојби и затоа заслужуваат подобри услови за работа. Им благодарам за нивната професионалност и посветеност. Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме, вели Петровска.