Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за затворената група на „Телеграм“

by Fokus

Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ во која македонски средношколци споделуваат порнографски фотографии од свои врснички, информира на својот Фејсбук профил, заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

„За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Петровска.

Групата за неколку дена стигна до над 7.400 членови, а во неа се пристапувало по претходна покана од пријател.

 

 

Поврзани новости