Професорка од „Орце Николов“ предупредува: Порнографија меѓу учениците

by Fokus

Станува збор за група која е креирана на апликацијата Телеграм, а комуникацијата е идентична и на Вибер, предупредува Тамара Ќупева, професорка во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Еве што Ќупева пишува во својот Фејсбук-статус:

“Јавна соба“ е името на групата што деновиве се шири меѓу средношколците во Скопје и низ другите градови. Станува збор за група која е креирана на апликацијата Telegram. Комуникацијата е идентична на Вибер – комуникацијата.
За неполни три дена се зачлениле повеќе од 7300 членови.
Членовите на оваа група, во слободна, отворена ( вулгарна) комуникација со другите членови, споделуваат и коментираат експлицитни фотографии од девојчиња од различни градови. Тоа се најчесто оригинални порнографски слики и видеа.
Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето – жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата.

Ова е група во која се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња, од 12, 13 години и малку поголеми. Фотографиите се преземени не само од отворени Инстаграм профили туку и од приватни пораки меѓу двајца соговорници ( девојчиња кои претходно испратиле приватни интимни фотографии до свои пријатели).
Во оваа група може да се пристапи со лажен профил, па во неа веројатно има и возрасни лица.

Прегледот на оваа група покажува дека ова е платформа во која се објавуваат порнографски материјали на малолетни девојчиња и тоа со име и презиме или само со име и место на живеење.
Секој член на групата може да ја зачува објавената фотографија и истата да ја користи за свои цели.

Институциите се на потег !!!

Ова е аларм за сите нас – најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа.
Ова е крајно загрижувачка, сериозна опомена дека децата, воспитанието и нивното образование се најзапоставените приоритети.
Очигледно е дека во нашата лична, секојдневна и поширока, општествена агенда – тие дефинитивно се на последното место.

Поврзани новости