Петров за Димитров: Нивото не треба да го губите и кога паѓате!

by Fokus

Некогашниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето на ТВ 24 даде свој коментар по вчерашните изјави на вицепремиерот Никола Димитров.

„Класичен клиентилизам. Не можете на два дена пред заминување од Влада да кажувате колку сега тоа не чинело, а вие сте биле таму. Нивото не треба да гo губите и кога паѓате. Тоа е големината на луѓето. Вториот аспект е дека тој истакна дека меѓународни пријатели барале да биде премиер, но немало волја во коалицијата, што за мене не е умесно. Во парламентарна демократија граѓаните на избори го бираат премиерот“, истакна Петров.

Поврзани новости