Декларацијата за Гоце Делчев е непотребен популистички и погрешен потег, затоа што ние имаме Резолуција донесена со консензус во Собранието и која има обврзувачко дејство врз Владата во водењето на преговорите. Ова го изјави членот на Извршен одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
„Ние не можеме еден од темелите а државата Гоце Делчев, за кого никој во државата нема сомнеж дека е македонски херој да го сведеме на популизам.Утре може некој ќе побара да правиме декларација за Јане Сандански или Ѓорче Петров. Имаме Резолуција која има обврзувачки карактер, која ги дава рамките за натамошни преговори, каде што Собранието застанало зад таа Резолуција и сега треба да се остави на оние кои се задолжени за процедурата, таа да ја спроведуваат“ посочи Петров.