Петрески: Не бев мета на напад, туку спречив трагедија

by Фокус

Не бев мета на напад, туку бев инволвиран во инцидент меѓу други лица, при што успеав да спречам трагедија, вели поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески, откако медиумите објавија дека го извлекол подебелиот крај во расправавија и тепачка меѓу повеќе луѓе.

– Откако сопственикот на фирмата, кој воедно е сопственик и на угостителскиот објект за кој тој водеше разговор со друго заинтересирано лице, ги соопшти условите под кои е подготвен истиот да го продаде, потенцијалниот купувач, кој инаку претходно го поседувал па го продал тој објект, наеднаш ја крена вазната која беше на стаклената маса пред него и се обиде да ја фрли кон соговорникот, во што беше спречен од моја страна. Потоа, тој се обиде да извади пиштол, но успеав да го спречам во неговите намери, во што помогна уште едно лице кое во меѓувреме влезе во канцеларијата. Беше повикана полиција, а напаѓачот се даде во бегство – изјави Петрески за за Охридњуз.

Тој додава дека ваква изјава дал и пред истражните полициски органи и оти овие случувањата биле потврдени од сите сведоци кои биле присутни во просториите на градежната компанија.

Поврзани новости