ФОТО Илјадници насмеани лица уживаа во големите попусти и концертот на С.А.Р.С. кој го крена Скопје на нозе

by Фокус

Со уникатни роденденски содржини и изненадувања, со големи промотивни понуди и концерт на мега популарниата Српска група С.А.Р.С , во саботата на 3-ти oктомври, Скопје Сити Мол го прослави својот трети родеднен. 

IMG_1665

Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани лица и детски џагор, беше сликата која можеше овој викенд да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Македонија. Истата таа вечер кога во главниот град се оддржуваше масовната манифестација „Бела Ноќ“, Скопје Сити Мол организираше „Лејт Најт Шопинг“ до полноќ со разновидни изненадувања за сите посетители и попусти во сите продавници. Празничната атмосфера беше надополнета со разновидна музичка програма под покровителство на Општина Карпош, во рамките на манифестациата „Ем умеам, Ем можам“, која траеше во текот на целиот ден. Вистински ѕвезди беа популарните С.А.Р.С. кои со својата неверојатна енергија ги воодушевија посетителите. Неколку илјадници луѓе и фанови, кои буквално го исполнија целиот простор пред Скопје Сити Мол, уживаа и се забавуваа со песните на српската група која во изминатиот период ги запоседна музичките листи на Балканот.

IMG_1746

Успешната работа на молот и лојалноста на сите продавници во Скопје Сити Мол, беше прославена со голема торта составена од логоата на брендовите застапени во овој трговски центар.

IMG_1690

За време на прославата покрај многуте содржини, разновидни аниматори ја фасцинираа публиката со воодушевувачка пантонима и куклен театар, додека најмалите креираа посебен роденденски накит и беа дел од работилницата за мафини, организирани од Скопје Сити Мол.

IMG_1729

Во склоп на своите роденденски изненадувања сите посетители на Скопје Сити Мол од 2-ри до 4-ри октомври уживаа со роденденските попусти, а најсреќниот купувач има шанса да стане сопственик на најновиот модел на Jeep Renegade. Среќникот како лојален посетител на молот, ќе има чест да ги слушне зборовите Happy Jeep to You, и со тоа да стане дел од оваа несекојдневна прослава која долго ќе се памети, бидејќи истата трае до 31.12.2015.

5 9 12 IMG_1662 IMG_1671 IMG_1712 IMG_1744

Поврзани новости