Во судир во најголемиот палестински бегалски камп во Либан, во близина на пристаништето Сидон на југот на земјата, денеска се убиени најмалку пет лица, а седум се ранети, објавија палестинските власти. .
Судирите избувнаа, како што изјави анонимен палестински функционер за АП, кога непознат вооружен маж се обидел да го убие исламскиот екстремист Махмуд Калил, а наместо тоа го убил својот колега војник, пренесува Бета.
Подоцна, исламските екстремисти убија палестински генерал од организацијата Фатах и тројца негови следбеници, изјави друг палестински функционер.
Се пукало од автоматски пушки и се користеле ракетни гранати во густо населениот камп Ајн ел Хилве, додека возилата на брзата помош се пробивале низ тесните улички за да ги пренесат ранетите во болница.