Петмина уапсени поради марихуана

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, уапсени биле пет лица откако кај нив била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

„На 16.01.2022 во 15.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2022  на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Л.(29) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022 година во 15.40 часот во близина на клучка Арачиново полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од с.Арачиново, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Г.Д.(22) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 17.01.2022 во 00.00 часот на клучка Матка, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Поврзани новости