Петмина мајстори ја подготвуваа џиновската пастрмајлија годинава во Штип

by Fokus

Со настапот на Љубојна со бенд трубачи, Амадеус и хрватската пејачка  Данијела Мартинович вчера вечер заврши годинешната Штипска пастрмајлијада.

Настанот почна во петокот вечерта со  сечење на џиновската пастрмалија, приготвена со 16 килограми свинско месо, тестото е долго над два метра, а широко е околу еден метар. За овој познат штипски гурмански бренд, беа ангажирани петмина мајстори.

На свеченото отворање присуствува и Доминик Роудс, заменик амбасадор на Велика Британија, кој рече дека првпат ќе го проба познатиот штипски гурмански бренд.

Поврзани новости