Влада: Состојбата во земјата е стабилна по случувањата во Косово, целосна поддршка на КФОР

by Fokus

Безбедносната состојба во државата, во корелација со случувања на Косово, е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања, сите институции задолжени за безбедноста се максимално будни. Ги осудуваме настаните кои се случија денес и даваме целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот, соопшти од Владата.

-Согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија, објави премиерот Премиерот Димитар Ковачевски.

Претходно со изјава дека состојбата во земјата е стабилна излезе и Министерството за внатрешни работи.

Со осуда на настаните во Косово денес излегоа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Артан Груби.

-Силна осуда за инцидентот кој се случи денес во Косово и за сите оние кои допринеле за тој да се случи. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот, напиша Петровска во објава на фејсбук.

Поврзани новости