738
Со настапот на Љубојна со бенд трубачи, Амадеус и хрватската пејачка Данијела Мартинович вчера вечер заврши годинешната Штипска пастрмајлијада.
Настанот почна во петокот вечерта со сечење на џиновската пастрмалија, приготвена со 16 килограми свинско месо, тестото е долго над два метра, а широко е околу еден метар. За овој познат штипски гурмански бренд, беа ангажирани петмина мајстори.
На свеченото отворање присуствува и Доминик Роудс, заменик амбасадор на Велика Британија, кој рече дека првпат ќе го проба познатиот штипски гурмански бренд.