Петличковски: На добар пат сме да ја победиме корона-кризата

by Фокус

Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, смета мора да постои баланс меѓу стегањето и олабавувањето на мерките.

-Сега имаме топло време, отвореност на просториите и шетањето на луѓето на отворено и не е сигурно дека новите мерки ќе дадат лоши резултати. Сепак апелирам на внимателност, бидејќи сме на добар пат во моментов и имаме шанси да постигнеме нешто убаво и многу вредно, односно големо намалување на распространетоста на вирусот и победа над кризата – изјави тој на Сител.

Инаку, се најавува дека мерките против коронавирусот уште повеќе ќе се олабават од среда, така што се предлага да се намали полицискиот час, кој би требало да започне од полноќ и да се продолжи работното време на угостителските објекти.

Поврзани новости