Иницијативата најави протести, па МОН им одговори на барањата

by fokus

Иницијативата „Учебници мора да има“ попладнево околку 18 часот објави дека до завршувањето на работното време не добиле одговори од Министерството за образование на нивните барања и затоа најавија дека ќе организираат протести низ градовите од внатрешноста и протестен марш во Скопје.

По оваа нивна најава, МОН преку сооштение до медиумите им испрати одговори на нивните барања.

-Сите компоненти на планот за реформи се донесени на транспарентен начин, преку јавна дебата и со учество на сите засегнати страни и експертската фела, сосема очекувано за дел од промените повторно се појавуваат дилеми во јавноста, особено за процесот на дигитализација на материјалите за учење. Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение во учебната 2021/2022 година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Како поддршка на училиштата, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на електронски уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници. Училиштата ќе бидат должни исто така да обезбедат и техничка поддршка(одржување) за сите ученици на кои им следува електронски уред. Идејата на промените не е дигиталните учебници да се користат интензивно за време на наставата, затоа што тие се само дополнително помагало за совладување на наставната материја, а примарно средство е интеракцијата наставник – ученик. На часовите ќе се применува ИТ технологија само кога одредена тема од наставната програма го наложува тоа, објаснуваат од МОН.

Ова значи дека МОН не ги прифати барањата на Иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.

Поврзани новости