Нелоски: ЕУ не сака партнер кој дома собира мафијаши

by Фокус

Македонија нема друга опција освен ЕУ, но датумот за почеток на преговори не е копче кое преку ноќ ќе ни го подобри животот, вели Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој момент во Македонија имаме деградација на правосудниот систем, гледаме скандали и тонеме по сите параметри за корупција и криминал – рече тој на ТВ 24.

Нелоски посочи дека во денот кога премиерот Зоран Заев е во Брисел, еден од најголемите турски криминалци (Седат Пекер) објавил снимка каде, нагласува Нелоски, Пекер кажува дека со Заев се дружеле во домашна атмосфера.

-ЕУ едноставно не сака да седи на иста маса со партнер кој собира мафијаши и криминалци дома – истакна Нелоски.

Според него, политичката ситуација во Бугарија не ветува дека ќе се реши проблемот кој, како што посочува, се создал со потпишување на Договорот за добрососедство.

-Власта, кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и со Грција, велеше дека се затворени сите прашања, а гледаме дека еден од тие договори извади нови прашања и блокади кои ни стојат на патот кон ЕУ – истакна Нелоски.

Поврзани новости