Петковски: СДСМ ги напушти левичарските позиции, но тешко ќе биде истисната од Левица!

Левица нема капацитет да го заземе местото на СДСМ во левиот спектар, како што тоа го направи Сириза во Грција, вели тој во изјава за „Фокус“.

by Фокус

СДСМ е во пад бидејќи ги напушти левичарските позиции, но тешко дека целосно ќе пропадне и ќе биде истисната од Левица, вели поранешниот претседател на Собранието, потпретседател на СДСМ и лидер на НСДП Тито Петковски, во изјава за неделникот „Фокус“, кој анализира „Дали Мицкоски ќе слави пирова победа како Борисов или Ковачевски ќе пропадне како Папандреу“.

„Гербизација“ на ВМРО-ДПМНЕ или „пасокизација“ на СДСМ

Кај нас, големите партии имаат стабилни гласачки тела и тешко се случуваат толкави потреси како во други земји, една партија да истисне друга. Но, проблем за СДСМ е што паѓа бидејќи ги напушти левичарските позиции во економијата, социјалата. Тоа се случи со Зоран Заев, крупен капиталист, кој програмски ветуваше враќање на средната класа, но ништо од тоа не се случи, а оваа тенденција продолжува и сега со Димитар Ковачевскипосочува Петковски.

Сепак, според него, Левица нема капацитет да го заземе местото на СДСМ во левиот спектар, како што тоа го направи Сириза во Грција.

Левица е класична комунистичка партија, но е поставена на анти основа. Нивната реторика е антиалбанска, против Бугарите, Грците, па и САД. Тоа е проруска партија, која е некомпатибилна за мултиетничко општество. Комунистите во Грција, но и во Шпанија што направија успех беа и се прозападни комунисти – вели Петковски.

Тој додава дека кавгата во македонскиот блок меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја користат Албанците на чело со ДУИ, кои изборија јазична бинационалност, поради што Петковски прашува што е следно?

Влатко Стојановски

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости