Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе листи за да може да тргува со датумот за избори

by Фокус 10:37
10:37

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи за пратеници не затоа што реално има намера да учествува на избори на 5 јуни, туку таа го направи тоа за да има со што да се пазари во преговорите што се водат со помош на меѓународните посредници, смета професорот Стево Пендаровски.

– Преговорите имаат за цел повлекување на аболицијата и промена на датумот за избори. Ако ВМРО-ДПМНЕ не поднесеше кандидатски листи, практично ќе се откажеше од оваа карта на која ќе игра во преговорите. Датумот 5 јуни и аболицијата се две работи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе тргува – вели Пендаровски.

- Advertisements -

Поврзани новости