Петковски: Потегот на ДУИ мириса на договор со ВМРО

by Фокус 09:53
09:53

Поранешниот претседател на собранието Тито Петковски вели дека иако одлуката на ДУИ да ги повлече министрите од Владата отвора неколку можни сценарија за развој на настаните, сепак, според тоа како се одвивале работите во минатото, потегот на алтернативците е договорено сценарио со ВМРО-ДПМНЕ за бетонирање на 5 јуни како датум на избори.

– Поради одлуката на ДУИ владата паѓа и веднаш може да се распишат избори. Може да се направи влада на широка коалиција или пак да се формира ново парламентарно мнозинство што би избрало влада без ВМРО-ДПМНЕ. Во Уставот нема никаква пречка за сите тие варијанти. Но, тргнувајќи од тоа како тие до сега функционираа, ова е договор со ВМРО. Соопштението на ДУИ што синоќа беше испратено со медиумите е многу штуро и не ги кажува нивните намери – вели Петковски.

- Advertisements -

Поврзани новости