Обвинителството отвори предмет за снимките меѓу функционери на ДУИ

by Фокус

Од Скопското основно јавно обвинителство за Дневник потврдиле дека отвориле предмет за снимки од приватни разговори меѓу функционери на ДУИ, меѓу кои имаше и разговор меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети.

И двајцата за медиумите на албански јазик ја негираа автентичноста на разговорите, нагласувајќи дека станува збор за монтажа со цел да им се наштети на личниоит интегритет како и на кредибилитетот на партијата.

– Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас дадов исказ во Јавното обвинителство да го истражува случајот, а го повикувам и Специјалното Обвинителство да поведе постапка – изјави Мехмети за НОВАТВ.

Овие разговори наводно биле една од причините за одлуката на Али Ахмети да ги повлече неговите министри од владата.

Поврзани новости