Петков поднесе оставка

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков поднел оставка до Владата на Бугарија, објави БГНЕС .

Оставката ја испратил преку курир, откако рано утрово пристигнал во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето.

Минатата недела беше изгласана недоверба во бугарскиот Парламент, по што падна владата со гласовите на ГЕРБ, СДС, Вазраждане и Има таков народ.

Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.

Ако не успее ниту еден обид, претседателот Румен Радев ќе назначи преодна Влада и ќе закаже предвремени избори.

Поврзани новости