Речиси 60 отсто од Бугарите сметаат дека „францускиот предлог“ не ги зема предвид интересите на Бугарија

by Fokus

Предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија предизвикува разочарување кај бугарските граѓани, покажуваат резултатите телефонска анкета спроведена од „Галуп интернешанл“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според истражувањето, 59,5 отсто од анкетираните Бугари сметаат дека со „францускиот предлог“ не се земени предвид интересите на Бугарија, 25 проценти оцениле дека тој „во доволен степен ги има предвид“ бугарските интереси, додека останатите немаат став.

Кога станува збор за изгласувањето недоверба на бугарската Влада на премиерот Кирил Петков. 48,1 отсто од испитаниците го одобруваат соборувањето на владиниот Кабинет, а 50,5 проценти не се согласуваат со таквата одлука на Собранието на Бугарија.

Поврзани новости