ПРЕМИЕРА: НОВАТА OPEL ASTRA ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

by fokus

На 24.6.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel – Новата Opel Astra!

Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел.

На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост.

Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.

Продукт менаџерот за Opel – Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави:

„Сосема новата ASTRA….Зборува сама за себе.Дизајнирана, развиена и произведена во Германија.

Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн…со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D.“

А потоа ги нагласи сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро:

– Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар….дури 4 пати повеќе од ривалите.

– Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.

– Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro.

– Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)… масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.

– Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач…и дизел 1.5 со 130ks и АТ8. Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс ….а идната 2023 година целосно електрична.

Новата Opel Astra ќе биде со почетна цена од 21.700 еур.

Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто.

Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија.

Повеќе информации за моделот можат да се добијат на овој линк и на дилерските страници.

ПР текст

Поврзани новости