Петков не го прочитал францускиот предлог, но не ја пушта Македонија во ЕУ без Бугарите во Уставот

by fokus

Јас како премиер нема да донесам никакво решение освен ако тоа решение не биде донесено првенствено од бугарскиот парламент и јас ќе ја исполнам волјата на бугарскиот парламент, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков кој кажува дека не го ни прочитал предлогот што Франција го испрати до Бугарија како земја претседавач со Европската Унија, туку веднаш го препратил во Собранието.

–Ако тоа што го слушам е точно, францускиот предлог ќе им ги гарантира правата на Бугарите во РСМ и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот. Ако за решение нема време, јас ќе чекам додека тоа решение биде донесено. Сега наредната недела одам во Брисел и од сега кажувам ако нема решение на бугарскиот парламент за една или друга насока, единственото нешто што ќе се каже кога ќе седнам на масата со сите други лидери од Европа, јас ветувам дека тоа решение ќе треба да се донесе од бугарскиот парламент и доколку тоа не е донесено, јас нема ништо да направам, никаква промена во бугарската позиција, изјави Петков вечерва во интервју за БНТ.

Бугарскиот премиер не очекува дека до гласањето за доверба на владата во среда, ќе има дебата во Собранието за темата за С. Македонија.

-Првите услови со PCM беа 5+1 барањата. Со најава за нов пристап кон пријателскиот говор веднаш се согласија и станаа 4 +1 без да се бара реципрочен одговор од Бугарија. Второто што се случи, во францускиот предлог, ќе има гаранција за Бугарите во Репулика Северна Македонија од антидискриминација и Република Северна Македонија нема да ги започне преговорите пред да го смени својот устав и Бугарите да станат дел од народите кои што ја претставуваат таа држава, изјавил Петков.

Поврзани новости