Петков му се јавил на Ковачевски, го прашувал за искршените стакла и искинатите венци

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека вчера му се јавил бугарскиот премиер Кирил Петков и му побарал информации за два инциденти кои деновиве се случија во Скопје и Битола.  Поточно, станува збор за инцидентот на гробот на Гоце Делчев каде беа искинати ленти на венците оставени од бугарските делегации како и за искршените стакла во клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-За искинатите венци на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР врши истражни работи, а за искршеното стакло во клубот во Битола му реков дека не е политички инцидент, туку инцидент мотивиран од приватни причини, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Текстил Солушн”.

Ковачевски додаде дека  Министерството за надворешни работи  ги продолжува преговорите.

-Претставници од МНР на 10 и 11 февруари ќе имаат разговори со бугарското МНР за отворените прашања и сите преговори се врз основа на почитување на европските вредности. Министерот за надворшени работи ќе соопшти за што се разговарало на тие средби, рече Ковачевски.

Поврзани новости