Петгодишно дете се бори за живот на скопскиот Ургентен центар

by Фокус 17:02
17:02

Петгодишно дете се бори за живот на скопскиот Ургентен центар, откако претходно дошло до сообраќајка меѓу патничко возило и такси пред селото Банско.

Според полициските информации, по укажаната медицинска помош во болницата во Струмица, четворицата полесно повредени се пуштени на домашно лекување, додека петгодишното дете е задржано и под итно е транспортирано на Ургентен центар во Скопје.

- Advertisements -

Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат Струмица-Банско, помеѓу селата Муртино-Банско, околу 8 часот.

 

 

Поврзани новости