543
Пет лица од источниот регион ја загубија битката со корона вирусот во изминатите 24 часа во штипската Клиничка болница. Станува збор за пациенти од Радовиш, кочанското село Спанчево, Делчево и две лица се од Штип.
Во штипскиот ковид центар денеска се хоспитализирани вкупно 53 лица, од кои 45 се во модуларната болница, а осум лица се на Кожното одделение, кои се стабилизирани по третманот во модуларната болница. Според податоците од болницата, 37 лица се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта имаат 27 прегледи.