Во текот на вчерашниот ден, пет лица во Скопје биле приведени, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана.
„На 10.09.2019 во 23.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул. „Видое Смилевски Бато“, го привеле М.С.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.09.2019 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“, го привеле Е.С.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.09.2019 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Сава Михајлов“, го привеле А.Д.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.09.2019 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Борис Трајковски“, ги лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Куманово и Г.К.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.