Млада чаирчанка избегала од дома поради семејна расправија

by fokus

Деветнаесетгодишна девојка избегала од дома вчеравечер, поради семејна расправија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

„На 10.09.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, В.Т.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Г.Т.(19). Според пријавеното, причина за оддалечувањето најверојатно е семејна расправија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Поврзани новости