Во соопштението од ФЗОМ се вели дека од први октомври пациентите ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација лична карта или пасош.

До   тој   период,   на   сила   се   постоечките   позитивни   прописи,   со   кои пропишување   на  лекот   кај   избраниот   лекар   како   и   постапката   при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно  со   личен   идентификациски   документ   на  + осигуреното   лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Лекарите велат дека забуната настанала кога пред една недела Фондот за здравство им наредил на лекарите лековите кои ги издаваат да ги впишуваат и во здравствена книшка на пациентот во картонот, во електронскиот систем Мој термин и хартиен дневник што е губење време од прегледот на пациентот.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.