536
Пред стартот на прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која се очекува да биде објавена политичката „бомба“ пред седиштето на партијата се собираат граѓани во знак на поддршка. За сега не се забележува присуство на полициски сили.
Според нашите репортери од терен во големата прес сала се подготвува бимот на кој ќе се презентираат материјалите за кои СДСМ неколку месеци зборува дека се поврзани со криминал и корупција на власта. Иако конференцијата за новинарите е закажана за 14.30 најверојатно ќе задоцни.
Инаку, пресот нема да се емитува во живо на сајтот на СДСМ затоа што интернет конекциите биле слаби низ цел град и не можело да се сторат напори тоа да успее.