ЗАЕВ: Сите биле слушани освен Груевски и Мијалков

by Фокус

Зад оваа операција стојат Никола Груевски и неколку луѓе околу него изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој рече дека станува збор за масовно прислушување од страна на луѓе врабтени во МВР под директна наредба на Мијалков и Груевски.

„Поднесовме кривични пријави против Мијалков и неколкумина што учествувале во прислушувањето. Во прилог на пријавата има повеќе од 300 мои телефонски разговори.

Тоа траело најмалу 4 години, а ПИМ мерки може најмногу 14 месеци со дозвола од Јавен обвинител и судија.

Слично се постапувало со другите опозициони лидери.

Досието на прислушувани разговори има 204 страници со опозиционери, подготвени и давани на Груевски24/7. За време на избори ги користеле државните служби. Добивале резимеа за својот политички противник. Со кршење на уставот и законите. Вакбо нешто може да спроведат само државни служби.

Ова што ќе го видите ги надминува и најцрните случувања. Во еден свет се Груевски и Мијалков, а во другиот сме сите ние чија приватност и уставни права се погазени.

Нема само разговори меѓу Груевски и Мијалков, сите освен овие двајца. Затоа никогаш не псотои разговор меѓу нив двајца. Ова укажува дека од УБК направиле монструм што слуша и контролира над 20000 граѓани.

Влегле во нашиот наијинтимен дел од животот. Внимателно да следите што правиме, да следи у меѓународната заедница. Ќе одиме чекор по чекор, “ рече Заев.

Во моментов се слушаат дел од снимените материјали.

Поврзани новости