540
Пет деца загинаа во петокот во јужен Авганистан при експлозија на минофрлачка граната останата од војната во земјата.
Уште две деца се повредени во експлозијата што се случи во областа Марја во провинцијата Хелманд, објави новинската агенција Бахтар.
Во Авганистан останаа неколку милиони неексплодирани убојни средства и мини по децениската војна меѓу силите предводени од САД и талибанците, а најчести жртви на таквите експлозии се децата.